Од разговорот, од јазикот на аргументите, на заемките и вкусовите на јадењата, зависеше каков конечен курс ќе заземат Татко и Камилски, барем во корпусот на гастрономските османскотурски заемки.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Покрај книжевните дела на француски јазик (Bardha de Tmal, scenes de la vie albanaise, Paris, 1890, Rose e spine, Constantinople, 1878 и други), ќе напише и јазични студии (L` alphabet latin appliqu langue albanaise, Constantinople, 1872, Grammaire albanaise l` usage de ceux qui desirent apprendre cette langue sans l` aide d` un matre, Londres 1887 и други), со кои ќе заземе значајно место во албанската книжевност и наука за јазикот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Немаа и обајцата конечен став какво место ќе заземе овој поим во нивната листа на (без)опасни османизми.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Додека госпоѓата Камилска во кујната беше зафатена со подготвување на јадењата за послужување, Мајка на веќе седнатите Татко и Камилски им го донесе првиот подавалник со ракијата, мастиката и двете чашки, а потоа го постави на масата и поголемиот подавалник со раскошното мезе во повеќе чиничиња.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се разбира, немаше никакви аргументи поимот баклава да биде прогласен за опасен и со оглед на неговото присуство кај сите балкански, медитерански и азиски народи во некогашниот состав на Османската Империја, но речиси и во целиот свет.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој, сепак, го купи овој роман, подоцна на голема радост на Татко и оваа книга ќе заземе централно место во книгата за јаничарите во еден рафт од неговата библиотека враќајќи му ја надежта сепак да продолжи да ја пишува Историјата на Балканот низ падовите на империите, доколку вистински во контекстот на книгата го промисли јаничаризмот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но и обајцата беа свесни дека уште многу копја, односно пера, ќе се кршат во иднина за одредување на неговото место во историјата на народите на Балканот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко и Камилски требаше конечно да се изјаснат и за баклавата дали ќе заземе место во нивната конечна листа за (без)-опасните османизми, чиешто конечно составување претстоеше.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Понекогаш ќе заземеа предизвикувачки став, ќе си ги истегнеа накострешените шии, ќе си ги исчистеа пердувите, долго ќе гледаа еден во друг, но секогаш едниот или другиот ќе се повлечеше назад.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
И Ламсдорф и владите на другите големи сили, на прашањето: каков став ќе заземат кон едно евентуално востание во Македрнија, едногласно одговарале - ќе ѝ дадеме слобода на Турција да го задуши.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
„Женствената идентификација“ е поим со кој јазикот на психологијата се служи за да го опише она што обично е конкретен општествен процес на позиционирање на себеси во рамките на склоп од културни кодови што дефинираат множество од емоционални и афективни улоги, ставови и практики од личниот живот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тоа одразува една поширока културна логика со која родовите практики ја поврзуваат женственоста со посебни облици на изразување и голем сплет културни вредности.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таквите можности се кодирани за родот и се поврзуваат со него, но во нив не се работи конкретно за родот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Како што пред извесно време нѐ потсети Стјуарт Хол, „идеологијата како општествена практика се состои од ‘субјектот’ што се позиционира во конкретниот комплекс, во објектификуваното поле на дискурси и кодови што нему му се на располагање во јазикот и во културата во даденa историска конјунктура“.368
Па кога машките субјекти кои пожелуваат мажи ќе заземат женствена позиција, тие можеби не ѝ подлегнуваат толку на неумоливата сила на некој крут склоп од општествени норми – на општествената логика на хетеронормативноста – колку што можеби гравитираат кон извесни афективни и дискурзивни можности што веќе постојат во пошироката култура.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И затоа почитувана драга Елен Лејбовиц, книгата на сестра ви Ањес, ќе заземе достојно место во татковата библиотека, таа ќе ја продолжи нејзината смисла и затоа ви останувам бескрајно благодарен...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Харизматичниот Бургиба, меѓу прославените лидери на нивните ослободени земји какви што беа Нехру, Насер, Нкрумах, Сенгор, Бен Бела и други, ќе заземе посебно место.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се обидував во височината во која пловев со авионот низ осветлените врвици на ѕвездите, да го издвојам најзначајното во мојата медитеранска мисија, кое што ќе заземе постојано место во моите Амбасади и покрај силните и неумоливи бранови на заборавот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Бургиба ќе живее уште неколку години со митот на својата ограничена величина, но сигурен дека ќе заземе високо место во историјата
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
За секое семејство во градот можеше да се напише хроника, во која најзначајно место ќе заземеа козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Нашите домови можат да се сметаат за мешавина на само-организирани и планирани компоненти: одредени предмети ќе заземат простор и ќе ја исполнат функцијата што ние намерно сме им ја доделиле, додека други ќе бидат наместени онаму каде што добро се вклопуваат во околината.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Мапирање и колонизирање на дигиталните светови лоцирани од другата страна на екраните.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Идните глобални бизниси ќе заземат две насоки: Кибернетика (управување со левата мозочна хемисфера).
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)