Жената, за да ги избегнат барите, го поведува девојченцето по мократа асфалтна патека, испруженото тело на водената змија. – Ќе задоцниме – ја забрзува внучката, и себе си.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Тој што ќе задоцни, поарно веднаш да се упати во градот во зданието на антидржавните.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
- Татко ти ќе задоцни, имало конференција на работа и рече да се прошетаме до кај нас, па ќе дојде таму да ве земе.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
И покрај тоа што некои наши драмски писатели, идеалот на драмскиот текст го наоѓаат во отуството на текстот, сепак, сметам дека постдрамската фаза во театарот кај нас ќе задоцни.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
- Ќе задоцниме за настапот – срамежливо се јавува понечујната другарка.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
ТОМЧЕ: (Пали цигара по цигара.) Е, многу ми е ќев што ќе задоцни!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Не ти е жал за мајка, Томче? Наместо да ми помогнеш...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Не тормози, туку веднаш објасни ми, ќе задоцнам, може да си заминат.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Проценив дека немам никаква шанса да појдам со него.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ручавме сами татко ми и јас. Мајка ми се јави од работа и рече дека ќе задоцни, имала голем текст за пишување и не ќе можела да дојде на ручек.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Ајде на час, ќе задоцниме, - рече Ема, колку нешто да каже.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Ема ја послуша и ги одлепи рацете.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
„Не. И сега ќе дојде во тоа време.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кога Зигмунд се јавуваше, му кажував дека мајка сака да го види.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Ќе дојде во тоа време, но ќе задоцни.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Овој пат ќе задоцни,“ рече.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во меѓувреме пушат тревки преку мобилки јавуваат дека ќе задоцнат на договореното место.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Сите пијат вештачко млеко и имаат вештачки насмевки со вештачки бели заби.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
А Американците се сторија три да му судат на хакерот од Лондон Кој еднаш им беше напишал во компјутерскиот систем Дека американската надворешна политика Е слична на државно спонзорираниот тероризам Многу му беа бесни Американците на хакерот од Лондон Оти знаеја дека тој повеќе ги изрезили Од пијаните офицери кои некогаш ќе задоцнеа со симнувањето на гаќите При празнењето на бешиката и на дебелото црево Ние коалите слатко си се потсмевнувавме Оти на дело се покажа пред очите на цел свет Дека ако сме дембели не сме барем мочковци и серковци И дека тие работи си ги вршиме на раат Откако ќе сониме дека сме качени многу високо на дрвото Или ќе се видиме во огледало со венец на глава А што е најважно кога одиме по нужда Со саати читаме стари весници и секси ревии.
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Јасно им се велеше дека „јужната република“ никако не се вклопува во големите планови, или ќе избрза или ќе задоцни во основните стратешки определби.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Имено, по ново, должникот кој ќе задоцни со исполнувањето на парична обврска долгува, покрај главнината, и казнена камата (чл. 266, ст.1 од ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Второстепениот суд, со пресуда, ќе ја одбие жалбата како неоснована и ќе ја потврди првостепената 116 пресуда кога ќе најде дека не постојат причини поради кои пресудата се побива, како ни причини на коишто внимава по службена должност (чл. 357, ЗПП). 6. Измените на ЗОО од 2008 година воведоа значајни промени не само во терминологијата, туку и во начинот на пресметка на каматата, бидејќи престана да важи дотогашниот ЗВСЗК (1992) – в. чл. 73 – чл. 77 од ЗИД ЗОО/08.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)