ќе (чест.) - заврне (гл.)

А татко им, па и дедо им Коце штом ќе речеа: утре ќе е ветровито, или, утре ќе заврне снег, тоа скоро секогаш беше така.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ајде, да ви кажувам. Прво ќе застуди многу, многу, потоа ќе заврне снег и сè ќе покрие.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ќе заврне. Јасното, ѕвезденото небо ќе биде сменето од матно, утринско.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Се печеа на сонцето во жешко време, се пикаа еден во друг кога ќе застудеше навечер, се покриваа со ќебиња и мутафи кога ќе заврнеше дожд и стануваа жива вода; кога ќе заплускаа громови крај нив, се крстеа и го молеа бога да ги одминат; дење ловеа риби, ги следеа со очи облаците кои се згуснуваа и разретчуваа, го гледаа нивното престорување во некакви чудовишта и нагаѓаа ќе има ли дожд или не; го гледаа сонцето кое час се заплеткуваше во облаците, час подизлегуваше за да светне и да покаже дека е тука; ноќе пред за заспијат гледаа во ѕвездите, кои како што одминуваше ноќта, сѐ повеќе се намножуваа и стануваа поголеми и како да се спуштаа надолу; ја гледаа месечината која секоја ноќ се тенчеше и го изоструваше својот светол срп триејќи се од облаците; го слушаа секој шум на водата што во ноќната тишина јасно се разносуваше час потивок, чад посилен и по него дознаваа дали езерото ќе се вознемири или не.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ќе заврне, вели, и кај нас ќе заврне.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Облачиштана тажат - ќе заврне. - Не, бабо моја, откај исток дува ветер. Ќе ги подгони.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Мијте се добро зашто не се знае кога ќе заврне пак...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Гледаш, Август, со ногата сум сигурна дека ќе заврне!... Нема утка!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кај се влечкаше пак?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Скитнику еден бесрамен!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Боже, Боже“, си рече, „како се мрачи времево. Ако продолжи вака, не само што ќе заврне, туку и прст пред очи не ќе се гледа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Излегува да трча секојпат кога ќе заврне.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
К* мисли, жешко е, задушливо, мисли, дали ќе заврне, како да се наоблачува, гледа, масна и дебела мува зуи и се удира во стаклото, мисли, добро би ми дошло едно ладно пиво, чувствува, студено пиво му се лизга низ грлото, К* со слузокожата чувствува пријатен вкус на непцето и гасови во носот, гледа, соседското куче се довлечкува под прозорецот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
- Глупави, - рече жабата. - Ќе заврне и пак ќе се вратите.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Го притиснав црвеното копче на далечинскиот управувач и се оддалечив од дома.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Знаев дека ќе те сретнам на некој и дека во нашиот муабет пак ќе заврне редовната доза ланси снег.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Мислиш дека ќе заврне? – рече Еразмо, упатувајќи го погледот нагоре кон натежнатите облаци кои како огромни сиви вреќи тежеа над планината со сета своја влажност.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ама јас нејќам. Нејќам да се одвојам од другарите и да се здружувам со нови другари.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Кога ќе заврнат дождови и снегови, ќе поминат во фискултурната сала.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Дури и ме убедува дека би можел да ме зачлени во подмладокот на спортското друштво “Вардар“.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)