Никола Поцо вели: „Некој ќе рече фала, друг ќе заборави да рече, но јас не гледав на тие работи“.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Вистина, некој ќе рече фала, друг ќе заборави да рече, но јас не гледав на тие работи...“
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
За малку ќе заборавев дека чевлите чија флекница ја скршив од главата на мојот бивш маж, кого го начекав со некоја пачавра во мојот кревет, треба да ги земам од поправка...
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Но последното кафе пред одење се договорија да го испијат заедно со Фотевци, а Боге уште не беше спакуван: се шуткаше околу својата отворена торба, а редовно по нешто ќе заборавеше.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
А јас во песот гледам: Дали ќе заборави дека е спитомен кога ќе ви ги лизне рацете.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Луѓето самите избираат што ќе запаметат а што ќе заборават - размислуваше Даскалов гласно.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Точно: времето минува а луѓето избираат што ќе запаметат.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Еј, НЕ, што имаш во устата? - Еј, НЕ, ќе заборавиш да зборуваш!...
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
На се ќе заборави!...
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Се плаши оти штом ќе се раздели од животот ќе заборават на него, всушност, ќе се изгуби интересот за пиесите на Ежен Јонеско...
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
- О, ќе заборавев. Простете! Не знам како да Ви се обраќам., ѝ се обрати на Јана.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Просто, задремале, само мислата е будна: нели ќе заборават сега децата негови да го истимарат коњчето, да ја покријат шталата, да го причестат и најмалото внуче.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Вели: „За криви колца не треба прав пат“ , велеше Лазор Ночески и ние, седевме ден-два ебали го, може и повеќе да седевме во Варна и после нѐ собраа меѓу пушки со штикови и нѐ водат на воз, а Стеван Докуз уште пред вагонот почна да кука, спомнува жена, деца, куќа, јас го тргам за ракав, да молчи оти со кукањето може да помислат дека вистина нешто криеме и за која странска сила го криеме, и Стеван Докуз ќе се штрекне на тоа, ама пак ќе заборави и пак ќе закука и јас ќе го држам за рака, ќе го шибам в слабина, ќе го штипам и тој пак ќе замолчи и нѐ товараат во еден вагон за добиток ли, за пошта ли, за жито ли, нѐ пикнаа во вагонот, нѐ настегаа в шише и ајде за Софија
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Во тој случај, тој ќе им плука во бунарите и сите ќе ги зарази со чума и сите тие во претсмртното стенкање ќе заборават на рајот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Во тој момент инженерот, со тивок глас ми рече: „За малку ќе заборавев нешто, драг Андре. Но, првин, треба да ми ветиш нешто“.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Не знаеше како да ја скуси здодевната безработност.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Дека нема да откриваш бројки, димензии, нема да оддаваш никакви податоци, цифри?
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Проклет да бидам, тоа до првиот грст земја, а потоа истите тие дрдорковци почнуваат веднаш на глас да се потсмеваат, па не ќе забораваат да речат: - Па, најпосле, му дојде крајот!
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Кажано поедноставено, без хаику безредија: кога ловецот е плен на неморален морал, и кога некој жирант ќе заборави на навременост од скршените садови на ланската зимница, потонат во мамурлак со срча во крвавите раце ќе сликам акварел, портрет на зборот во тесен чевел. Нено Богдан ***
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Честопати ги пасев воловите и наидував на ливади со разни цвеќиња, секакви бои имаше, ќе се занесев во нив, ќе гледав разни бубачки како ги опрашуваат и им помагаат за догодина да бидат уште поубави, да се развиваат и да цветаат и тука се ставав и самата (и дури ќе заборавев дека воловите ги чувам).
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
А ако е така, тогаш тој веднаш ќе заборави на своето одрекување дека се сеќава на неа и ќе го заборави чинот на заборавањето.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
БОЖАНА: (Разделувајќи се од Костадина). Боже поможи...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
(На Костадина). Еј, побратиме!... За тебе е ова првина. Прва разделба од жена... Ќе заборавиш и на младост, и на милост, и на убавина!...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
12. Да пукнам одамна не сум имала толку долг отпочин И ќе заборавев на сонцето што изгрева на исток А и тоа галиба имаше нешто со Македонците И сонцето било ѕвезда велеле Македонците Бре бре како никој да не знаел што било сонцето А за ѕвездите допрва ќе се разјаснува Дали Македонците мислеле повеќе на ѕвездата од Вергина Или на ѕвездите од европскиот бајрак
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
„Се знаеш за таа курва. Ти ја оставив мислејќи дека со неа ќе заборавиш нешто.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Ќе кашка, ќе кашка, а потоа наеднаш, полна уста утешение!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
И згора на сѐ, како шлаг: „Заборави ме брзо бидејќи, како што велиш и самата во писмото, заборавајќи ме мене ќе заборавиш дека и синчето личело на мене“.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Знаете, се случувало, некоја одговорна личност, во момент на збунетост, или дури и при полна свест, да спомене некое име што ги задоволува критериумите за добивање покана, а потоа ќе заборави да ги изврши и додатните обврски. Како што е на пример писмената препорака.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Отец Прокопиј многу, многу одамна ме поучи: Побрзо ќе заборавам кога пуштив брада, одошто да заборавам дека и во селоно зад ридон нашенци живееја.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Господи, јас навистина се посомневав дека си начнат веќе од страдот и дека вистинската болест ќе наиде малку подоцна, кога ќе заборавиме на неа; кога ќе ни се измолкне од вниманието.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
ТЕОДОС: И му се чини дека не е тој, ами некој друг?
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ТОМЧЕ: (Го вади од џебот саатот и го клава на уво.) Не работи. Не сум го... (Го навива.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ТЕОДОС: (Очајно.) Вистина ли, Арсене, кога ќе се опие човек, ќе заборави се.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Тоа ти оди едното со другото како умот со главата. Кога ќе заборавиш каде ти е главата, ќе го загубиш и умот.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Се надевам дека ќе заборавите на малата непријатност – рече Ц со извинувачки тон.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Нема што да памтам цел живот, ќе заборавам уште утре. 90" Морам да си легнам да спијам.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Ќе заборавев да ја споменам вадиотров сауната што јас ја ескивирав а препородените ме искараа небаре одбив да влезам во харем.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Јане вети ќе ни пишува... ми вети... можеби... поверојатно ќе заборави... нови краишта, нова средина, другари, другарки...“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Дали ќе заборавиме на наградите и пофалбите што ги освојувавме за нашите творби? - читаше Филип со возбуден глас, па направи куса пауза погледнувајќи кон присутните кои занемени го слушаа.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Дали ќе заборавиме на цртежите што ги цртавме и на составите што ги пишувавме за убава, чиста, мирисна , цветна, здрава животна средина?
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Ова утро, според информациите од медиумите, се дознава дека ноќта била мирна на ридовите над Тетово.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Ќе заборавев: пред пет дена добив картичка од вас во која се претставени двата брега, албанскиот и македонскиот, на Охридското Езеро со поглед на Поградец, што вие сте ми ја напишале на 18 декември 2000 година!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Таа сигурно нешто ќе заборавеше пред тргнување, ќе се враќаше да ја заклучи вратата, да провери дали го исклучија плинскиот шпорет или можеби ја заборавила цигарата неизгасена во пепелникот и ќе стигневме токму во моментот кога возот тргнува.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
не се трае за јадење, некои и по три пати во денот го менуваат името и ги тепаат децата за да плачат: кога плачат не им бараат јадење, забораваат дека им се јаде, ако продолжи оваа сиромаштија, велат луѓето, не ќе ги познаваме и парите, ќе заборавиме која колку е и од колку е,
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Лазор Рогожаров ќе ја отвори устата да се смее и ќе заборави да ја затвори.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сите мислат дека, зборувајќи, ќе заборавиш на болките, ќе се заблудиш.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Но, не само што не се врати на старо, туку стануваше сѐ бетер и бетер.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Се надевам дека набрзо ќе заборави и повторно ќе стане онаа истата, мајка – другарка, како што многу сака да се нарекува себеси, а не вистинска мајка.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)