Коњаникот со куси нозе слепо го гледаше својот творец, тој нов бог што не го започнува раѓањето на новото човештво од кал туку од суво јасеново дрво со еден Адам без Ева, првенец од кога утре ќе жугне кентавр, човек-коњ, но во затворен кесон низ кој не пробива ни вода ни човечко толкување за она што ќе се случи подоцна.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Куќата ѝ се пустосала, раскуќила.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Кога напролет сиот народ ќе жугнел по полето, по нивичките, по лозјата, таа ќе го земела дикелот во една градинка да посади малку пченка, компири; во друга оградка ќе посеела малку пченичка, 'рж за да си ја прехрани душичката.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Само тие биле врска со синот. На гробот не давала ништо друго да порасне, освен цвеќиња.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Под нивното распаѓање никогаш веќе не ќе жугне од земја ни клас ни растение.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Под нивното распаѓање никогаш веќе не ќе жугне од земја ни клас ни растение.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)