ќе (чест.) - дочека (гл.)

А ако не се провлечам низ решетките? прашуваше. Ќе дочекаш длабока старост, заклучуваше татко му. Не сфаќаше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
ВЕТА: (Без да го забележи слугата) Е, дали еднаш и јас ќе дочекам и мене вака да ми речат: „Добра ноќ“!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Прикаската се кине или Кара-Демир веќе не слуша што се случило пред жетвите во некој врел, сончев ден каков што тие не ќе дочекаат.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Седнам ли да ги раскажувам, ќе дочекаш длабока старост.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Не, не беше намерно – жими сè – се правдаше Огне – тамам да заминам, од автобусот слезе една девојка и тргна кон него.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- А, почека и ти кришум, да видиш кого ќе дочека? – се насмеав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ах, пуста Саветке, што немаш превидено и кој знае уште што ќе дочекаш... (си ги брише очите од солзите кои ѝ протекуваат).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Тогаш да им кажеме на луѓето од селово. Ќе го фатат. - Ако не го фатат, ќе дочекаат ден на нозе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Попчето може пак да доведе некои браќа на оној Сафет-бег, на брат му.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Белки тие ќе дочекаат некој бел ден.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ќе пишувам постојано. Ќе дочекам сигурно да ја видам во земјата на наслутеното.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Знам, о роде, ќе дочекаш слава, може и ек од судбата лош, може со болка да преклониш глава, да скриеш срце од дигнат нож.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Мајката на Ж ја откачи сликата и ја искина на парчиња, без надеж дека некогаш ќе дочека внуче.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
А кога татко ми ќе донесеше по некој домат или мајка ми ќе дочекаше да узрее од нејзината градина, тогаш се менуваше бојата на нашето постојано исто тесто.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Навистина, од тоа можеби никаква помош не ќе дочека, ама сепак кога ќе те ислуша пријател сочувствувајќи ти, ќе ти лекне како половината од маката да ја снемало.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)