Еретикот секогаш ќе биде тука, на наша милост и немилост, врескајќи од болка, скршен, достоен за презир - и на крајот сосем покајан, спасен од самиот себе, ќе доползува до нашите нозе по сопствена волја.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
После тоа, Истражувачот остварува потполна хипнотичка контрола - само ќе тропне, и субјектот ќе доползи, или, да речеме, само ќе каже “Отвори се Сезаме”, а субјектот ќе се посере на подот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
А што ако самиот Црн Господар ме мами, па сè ова е само сон, а девојката ламјина ќерка со три змии во срцето што по полноќ ќе доползат до мене, заспаниот љубовник, и отруен ќе ме вратат на јавето.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)