- Другпат кога ќе доаѓате, молам за малку повеќе забава, играње, пеење, смеење и нешто слично на тоа!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Откако сѐ извадија од ковчезите и купија од дуќаните уште дарови не само за зетот и за неговите роднини, туку и за сите што беа поканети на стројот, и се послаа простирките и по должината на целиот двор, пред лицето на куќата, од каде што ќе доаѓаат гостите, таткото нареди да се запалат фенерите на улицата и ламбите во одаите во чардаците, макар што не беше стемнето и се гледаше добро од дневната светлина...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- Уште помила ми е долинава, дедо. Кога ќе можам, и во зима и во лето, ќе доаѓам.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тоа и ги тешеше брезничани, но и жалеа по Брчалото зашто беа сигурни дека за нив вистинските добрини допрва ќе доаѓаат со помош на Брчалото.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Тетка Рајна сигурно поретко ќе доаѓа, татко ми и јас ќе имаме помалку заеднички работи во куќата, ќе бидеме помалку ангажирани во домаќинските работи.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Можеби утре кришум ќе доаѓаат и ќе го откопуваат плодот на мракот и влагата, за себе, за своето вревоносно и неподносливо друштво, ќе ги киселат во секакви мали и големи тегли и ќе чекаат есенска анасонка.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Се колнев дека ќе издржам, дека ќе го дочекам денот кога ќе доаѓаат во замелушена глутница да бараат покајнички и со муцки на уловени јазовци прошка. Од Него. И од мене.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
– Ќе доаѓам секоја сабота. Дури и почесто, ако ми дозволи раководителот. Ќе видиш, сѐ ќе биде добро.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Марија ја разбра вистината. – Те молам, зајче! – рече вџашена. – Немој да ми кажеш дека и ти веруваш оти сум луда! – Како можеш да го помислиш тоа! –рече тој, обидувајќи се да се насмее. – Работата е во тоа што за сите ќе биде подобро да останеш овде уште извесно време.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Се колнев дека ќе издржам, дека ќе го дочекам денот кога ќе доаѓаат во замелушена глутница да бараат покајнички и со муцки на уловени јазовци прошка. Од него. И од мене.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Можеби утре кришум ќе доаѓаат и ќе го откопуваат плодот на мракот и влагата, за себе, за своето вревносно и неподносливо друштво, ќе ги киселат со секакви мали и големи тегли и ќе чекаат есенска анасонка.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Климент Камилски подоцна ќе доаѓа во Татковата библиотека со крајна цел да открие нови книги, но и да се одмори од својата грамадна библиотека, која од ден на ден се зголемуваше и го смалуваше времето на неговото присуство во неа.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ќе доаѓаме секој ден сѐ додека не ги уништиме, така рече Веселин, секој ден ќе доаѓаме да ги искорнеме.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Кога ќе примате наредби, тие ќе доаѓаат од мене.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Едно претпладне поминав многу лошо. Платив за паркинг, час и половина вртев кругови на паркингот околу болницата и не можев да најдам слободно место за паркирање, плачев од нервоза, ти ме чекаш таму, а јас час и половина не можам да најдам каде да се паркирам, па си ветив дека наутро кога е гужва, во иднина, ќе доаѓам со такси, а навечер со автомобил.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Кога еднаш се реши на овој чекор, ќе живее со сè што ќе доаѓа натаму...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Таа дошла со студенти најверојатно оти стои Ми се чини дојдоа за некакви предавања, ми рекла дека пак ќе се видиме оти стално ќе доаѓале на предавања во гимназијата.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Хлапец, проклет би и посеј малечка татковина на дланките со неа да си ноќеваш со неа да се будиш и на распјат со неа ќе те одведат со еден брут ќе ве заковат, хлапец, вековите крај вас на поклон ќе доаѓаат и волчиците своите малечка ќе ги доведуваат на љубов да ги учат.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
А научив од соседите дека луѓе од власта ќе доаѓаат да проверуваат, по сите куќи, како се чуваат сликите на Тито и на Сталин.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
На сите им определил денови кога ќе доаѓаат во манастирот во текот на годината за да има постојнао во манастирот луѓе за да му прават друштво и да го веселат.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Ве чекаше кутрата залудно не само таа ноќ, туку до крајот на животот ќе доаѓа на брегот на Езерото, на местото каде што најчесто гледал со дулбија твојот исчезнат татко.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
И секој што потоа ќе доаѓа на мојот гроб, да фрла по еден камен.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Така почесто ќе доаѓаш кај нас!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Сè потоа што ќе доаѓа – ќе се сеќава и ќе сака да прилега на вас и мртви: исправени, со кратка смрт и во очите со отсјај на оној суден меч што ве раздели од татковината.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Да знаевме дека ќе доаѓате ќе спремевме нешто поубаво.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Албанија, Југославија и Бугарија ќе прифаќаат се што ќе доаѓа од спомнатите земји, потоа се ќе префрлуваат во нашите магацини што треба и нив забрзано да почнеме да ги градиме, најдобро да копаме тунели во планините.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Изабел ми објасни дека јас треба да се грижам само за најмалиот син Патрик, а за другите момчиња само кога ќе доаѓаат дома преку викендите и за празниците.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Сите мои другари ќе доаѓаат тука да се капат. Што пара ќе собереме.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Кога се разбрало оти Турците ќе доаѓаат по тапиите и татко му на дедо Стефана, дедо Јован, решил да бега.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Јас ќе одам кај неа на гости, таа ќе доаѓа во Скопје, ќе се допишуваме, ќе се слушаме по телефон, ќе си се радуваме кога повторно ќе се сретнуваме ...
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Милина, си мислам, како не било предност!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)