Јузбашијата овдеки ќе земит гајлето да довардит нас двајцата, — го утеши Арслан Трајка и му стави до знаење никому да не кажува за разговорот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Симон Наконтик, в темница уште повретенест, стоел над него, веќе чекал да биде повикан.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Само гледај сега и ти ако разбереш нешто, по пиле да знајш да го чиниш абер, оти и тебе ќе дерат кожата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Знаел што ќе се бара од него: секогаш на денот на свети Никита бил дерач и готвач во манастирот, сега ќе дере и ќе сече месо а во него се буни нешто, стар е, не сака утре никој да го проколнува.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)