ќе (чест.) - гори (гл.)

Од неговите искри се множат оние кои допрва ќе горат.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Тројца сме: едноит го врзува коњот и потпевнува, другиот ја гледа таа иста месечина што некој, заминувајќи си, морал да ја остави тука, третиот осознава дека огнот е семе: од неговите искри се множат оние кои допрва ќе горат.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
- Ние го запаливме огинот, огинот ќе гори, а ние ќе изгориме во него.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Можеби снопје ’ржаница. Да, тие се најпогодни, најдолго ќе горат, а и при рака ми се.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ќе гори, гори и ќе угасне.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
48. КОГА МНОГУ ГРМИ, МАЛКУ ВРНЕ - море, врне и истура страв и трепет, немајќи си заслон да се згрнеш ќе гориш, ќе се сториш прав и пепел... малце и подналути се, но зло да не сториш!
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Сега сите тие верни живинчиња, ќе горат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А ете, сега, и тоа ќе гори.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)