ќе (чест.) - врне (гл.)

Расмеани се погледнаа и забележаа дека ќе врне. Си рекоа да побрзаат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Можеби пак ќе врне како вчера и сите овие дни, еве, веќе цела недела.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Погледнувам нагоре... Се чини облачно. – Ќе врне – си велам, и побрзувам назад кон градот.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Врне, и ќе врне.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
За лисицата и за гавранот што држел во својот клун парченце сирење?
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Не верувам дека утре ќе врне, реков.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ќе пробам да ги доловам: Прва вест е секако временската прогноза, дали и кога ќе врне снег или дали и кога ќе се стопи.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Дали ќе грми, што се вели, дали ќе врне.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ВЕРА: Ќе врне. Џабе спростирав чаршафи.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Римите се редат внимателно и со многу љубов, како и црешите.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Низ раскошната крошна на црешата се гледа дека ќе врне.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
-Ќе врне, веќе почнаа првите капки.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Јас, пак, го ставив разбојот во кујната и ѝ реков: Кога ќе врне или кога ќе биде невреме, ќе ткаам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
„Работев цело утро“, рече таа, ставајќи ги рацете на своите вити слабини, „а ти не сакаш да помогнеш? Грми, значи, ќе врне.”
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Март е, студено е. Наскоро ќе врне и ќе грми“ рече вујко Ејнар.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)