Јаго или капене или Ранго (сеедно), ќе воздивне - имаш ли ситно кај себе?
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Кога ќе заспијат навечер, таа ќе изброи по четири ноџиња во секој, а на крај своите две отечени и двете на најмалото во креветот во кујна, вкупно 16, и ќе воздивне од радост, па ќе се прекрсти и ќе му се заблагодари на Бога!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Кога така ќе воздивне, како да не е куче туку човек, мајка ми вели дека и личел на дедо ми Баџак и затоа често наместо Бак го нарекува Баџаче.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Сепак си поглупав одошто мислев – гласно му се обратив. – Бегаш, па си доаѓаш дома и сега Саше, кутриот, којзнае каде ќе те бара, не знаејќи дека се вратил.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ќе видиш: ќе поскита малку наоколу, ќе воздивне и ќе исчезне.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Којзнае можеби еден ден станувајќи рано в зори ќе бидеш сведок на некој неверојатен настан кој решил да се случи за токму тебе да те направи славен а ти суетен поет кој дотогаш само за природа си пеел и мислел дека си главен неверуваќи им на своите очи ги затвориш кепенците од куќните одамна дотраени прозори и нишајќи со главата во негодување на она што пред тебе животот го точи длабоко ќе воздивнеш велејќи: – одамна заминаа моите возови 2006
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Човекот се клати пред коњот. Само понекогаш ќе се заврти наведнат за да ги види зад колата босите нозе и ќе воздивне. Не од тага. Од замор, од тежина на жегата. И пак продолжува да размислува.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Понекогаш, кога ќе воздивнев, таа ми запеваше приспивна песна за мајката која бдее над своето дете онака како што месечината бдее над земјата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Понекогаш ме земаше в раце и излегувавме од дома и минувавме покрај дрворедите; со едната рака ме придржуваше, притискајќи ме на своите гради, а другата рака ја испружаше високо, откинувајќи цветови од најниските гранки на липите, костените и багремите, а потоа ги ставеше цветовите меѓу нејзиното и моето лице.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)