Често канџите, место риба, ќе извлечкаа и езерски тревје и алги од дното; гледајќи ги нив, Висар помислуваше дека заедно со тревјето може да се запне и шишето со бесмртната вода: затоа кога нешто тешко ќе влечеа со канџите, срцето му трепереше; ги спушташе канџите што подлабоко кон дното на езерото и му велеше на Трајана: „Може ли канџите да закачат шише од дното на езерово?“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ниедна мислам нема да продолжи да трае тежината на пустошот ќе влече и ѕвезда по ѕвезда ќе паѓа ќе трае таа толку колку што ќе потрае нашата утрена на постела распослан векот парче по парче дури се собере и последниот бран од праискони што лута ќе нѐ покрие.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Ќе влечеш. Ако запне за некоја карпа, затегни го јажето и јази се по него.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)