ќе (чест.) - вивне (гл.)

Ќе земам две канти бензин, ќе вивне сѐ до небо.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ќе ја разбуди во мовот притаеноста на огнот; доживувајќи го својот златен сон, искрата ќе вивне од себе самата и ќе ја плисне шумата со пламен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога ги накладовме дрвата на кладата се сторија како некој голем стог сено ставен на земја, а пламенот се вишеше речиси до врвот на старата топола на Гелета Клетников под неговата воденица, тука над Полената; искрите, насмеа, чиниш дури откако ќе вивнеа до ѕвездите, некаде високо над ниско паднатите облаци.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ќе дојде потоа од својата седалка ветар да си поигра.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе вивне и после нема ништо...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Галебите бели крај море од понор далеку ќе бидат со гостинка СОЛЗА ќе го свртиш светот Од умот твој со скршени џамој, јастреби ќе вивнат Јас не ќе сум тука, далеку ќе бидам...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Па март штом ќе стапне со мирис на лето полето ќе вивне в зеленило сето.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ќе дојдат по нас други, тие ќе го распалуваат, ќе вивне пламен, ќе ја огрее слобода нашата Македонија, а нас ќе нè нема...
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)