ќе (чест.) - бил (гл.)

Ни до рамена ни ми стига, ж'т е како тиква печарка, сув како чкорка, та он ќе бил за мене, красте!“ — се тешеше, но сето тоа беше само потврда дека „и се слизна нешто од рака".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сал мојата куќа ќе била чествувана, нели?
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Криол веројатно ќе бил прогласен за настрадано подрачје. И така натаму.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Тоа нечистивиот ти го стокмил: и свадбата, и сватовите, и ората, и даровите, виното, од кое ако си голтнал, ќе те голтнело лудото и ќе било чудото што ќе те такла по сокаците да ги прибираш облаците, ќе те чекале бајарки и попови по манастирите, по чардаците.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ама ќе биде како чакал. Абре, ќе биде, како не ќе била.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се покажува дека една практична работа, како што е јазикот, не била пречка Пандил да му биде зет на Вангела, но доколку се работело за различна вероисповед, тоа ќе било невозможно или, во најмала рака, неприфатливо.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
“Велат, откога ќе бил изграден водоводот ти, со помош на власта, ќе си станел пратеник од Маказар и од целиот крај.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Да дошла само една минута подоцна, мостот ќе бил кренат во воздух.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Бев повреден до срж, бев гневен, оти во љубовта најмногу разжестува покажувањето несексуална моќ; веќе не ја слушав Луција, и само се сеќавам, како низ магла, дека таа говореше за некаков втор блок од програмата, по некакво оро, и дека финале, круна на приредбата ќе бил бабарскиот обред од нејзиното село кое ќе го изведувала таа со некоја одбрана дружина од тој крај; во тој обред таа го препознала самото битие на овој народ, а тоа било многу важно за зачувувањето на здравиот народен дух денес, особено кај помладите генерации.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во таков случај, како соработник на атентаторите, Гарванов ќе одговорал за истото дело како и гемиџиите и ќе бил суден од истиот Вонреден воен суд и неговото дело немало да се префрлува во цивилен суд.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И да излегле коски од тие гробишта, си велам, тие ќе биле таму, не можеле да идат дури ваму и уште да се закачат в земја.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Оф јас сиромав само со умот што се богатеам, оти уште еднаш јас ќе било касмет да си одам, ами види го тоа широко море: до кај јас да се вратам уште еднаш назад, овде коски ќе окапам и друго ништо“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Но сепак најде за потребно да праша дали не ми се чини малку кус и тесен?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Рече дека убаво сум го стокмил и дека ќе бил уште позгоден кога ќе сум ги довршил и деталите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Доце Срменков го гледал како ја влече по себе двоколката со торби, кожи и черги и се здржувал да не се прекрсти: човекот со крвави крпи на челото и со белег на сувото лице ќе му личел и со епитрафил на безбожник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мирисало на кланици; и навистина најпрвин по скомињава и горчлива реа се почувствувало, потоа можело и да се види дека остра дурија му ја копа утробата на несреќникот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Човекот и со десет животи ќе бил веќе мртов, и со дваесет, и со повеќе, но продолжувало.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги исправил нејаките рамења и ги наполнил градите со воздух - секој од дојденците, и во празнична црковна облека, ќе бил итар арамија што познава само свои закони.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Прв по талпата протрча големиот син на Вангел Русјаков и додека не се покажа повторно на работ од плочата со своето кажување дека Геле со мандолината и неговата снаа за брат што ја викаат Богородица и нејзините два сина навистина шараат ама тоа го шаркаат не е бела шарка туку црвена оти ја влечат од керамитка или тула и оти го имаат нашарано газот на две одаи што ќе биле само нивни, инаку, кажуваше синот на Вангел Русјаков дека горе има место колку и тука долу, дека има и дупки за пенџериња и дека е сѐ исто, како јајце на јајце.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ако сме биле кај него не ќе сме морале да заминуваме за Гаково, Лена не ќе пиела нечиста вода од бунар, не ќе се разболела од тифус и сега ќе била жива.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Кога ве слушам, и тебе и телевизорот колку сте здодевни, понекогаш посакувам да сум глувонем.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Како што и за царот Самоил истопорен на скопскиот плоштад велат дека рекол ќе било поарно и него да го ослепеле одошто севезден да му ги гледа бронзените мадиња на Букефал. Бронза во формал се става ли?
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Тоа ќе било поарно и за неа и за нејзините де­ца.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ќе било кијамет ако ја минеме! Така ми велеше мојот татко.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)