Ќе отидам, значи, да крстосувам под вашите прозорци, додека над вас ќе бдеат Амор, Морфеј и малечкиот Бром.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
И така жените го посвоиле попот да ги извртува псалмите Давидови во нивна чест и да ги возвишува зашто го прогнале и не им дале на враговите негови да му се одмаздуваат, да пее со толку мило лице што и не барале да знаат на каков јазик пее.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Навистина, над неговата камилавка недостасувал свет и блескав триаголник што ќе бдее над грешниот свет со око на духот светопресвет од кој затруднела мајката Исусова.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во Палестина, во земјата на предците, во Erecz Israel9. O, Hashano10! Па сепак, Нина знаеше дека отсега натаму татко ѝ ќе бдее, ќе снове низ куќата како првата вечер од заминувањето на децата, дека Моше, веќе, сон нема да го фати.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
* Залудно. Насобраните луѓе ги фаќа очај. Значи сепак ќе ги изгонат од тука.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Најнапред утешно преколнувајќи за најмала доверба: „Големата заедница на Краков, уверува, ќе бдее за нашето сместување таму.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Костадин не се лути, не се развикува како што знаеше да прави, седи така облечен во неговите алишта, климка со главата ама лицето не го врти на кај неа, пак мирно го пушта својот глас, мек, топол и во него топла грижа дека таа навистина треба да си поспие да собере нови сили, а тој ќе бдее врз внучињата нешто да не ги нараси, да не се појави стаорец од некоја дупка и да се полакоми по некое носе или увце.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Пелагија без двоумење се согласи, особено што покрај мајка Перса ќе бдее и Мурџо, инаку прифатен во куќата како рамноправен член со вистинска куќичка порачана кај дограмаџија и сега сместена на крајот од дворот, близу до прозорецот од нивната одаја.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
И Татко и Мајка, на различни начини, беа обземени, во залезот на нивните животи, со големото прашање на нивните животи – што ќе стане со нас, децата, кој ќе бдее над нашите животи.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)