сепак (чест.) - знае (гл.)

Сепак знаев дека не ме исмејува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Тој не се плаши ни од дедо ти, ни од неговата сенка, ни од тебе. Јас сепак знам, сум слушал.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сепак знаеше и често велеше дека за човека е најдобро место она каде што најдолго живеел, средина со која се сродил.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Даскалов е и премногу сериозен за да стори таква пакост.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Станав, земјата беше студена.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)