само (чест.) - со (предл.)

Револуцијата напролет само ќе нѐ уништи наполно нас и ќе ги уништи плодовите добиени од неа досега, зашто таа ќе биде насочена не против Турција, а против неа и реформаторските сили и затоа што тоа ќе биде не по наши сметки, а по сметките на некоја голема сила и некои мали балкански држави што ќе нѐ натераат нас да се дигаме, а после ќе нѐ остават на сретпат; најпосле, затоа што ако ние против сите аргументи на здравиот разум пак подигнеме востание, ќе бидеме само основа на дипломатска борба меѓу реформаторските држави и некоја трета, која борба ќе се сврши само со нашето поништување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Само со знаење и просветување, само со културна работа ќе може нашата интелигенција да ги поправи и да ги искупи своите грешки пред нашиот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Македонија ја признаваат за бугарска во етнографски однос, но мислат дека е излишно да си ги трошат силите за да научат нешто за таа земја, затоа ништо не знаат за неа ни од историјата ни од географијата и етнографијата нејзина, освен дека има таму чети и востание, на коешто треба да му се помогне само со лотарии и не со самите себе.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
113. Всушност „македонистичката” пропаганда на Србија влезе и во Македонија, но само со определени манифестации и во времето од 1886 до 1891 год.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Секој од нас ќе забележи оти тие луѓе, за кои ние знаевме само од книга и ги знаевме како луѓе што сакаат да ни поможат да се ослободиме, ни се покажуваат нам за пријатели и сонародници и ни се присторуваат за наши покровители, не затоа што сме ние Грци, или Бугари или Срби, не зашто се грижат за некакви општонародни интереси во кои влегуваат и нашите, не зашто сакаат да поможат и да нѐ избават нас, а само со чисто егоистички цели, т.е. тие го експлоатираат тоа што ние се викаме со нивните народни имиња и сакаат, врз основа на постоењето на тие народни имиња во нашата татковина, да ја зголемат својата татковина, да ги обезбедат своите интереси со завладувањето ако не на цела Македонија, тоа барем на голем дел од неа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За мене е поважно прашањето за нашата национално религиозна и економска преродба; а тоа може да стане само со изучувањето на својот народ, прво како одделна единка, после во врска со другите Македонски и балкански народи и најпосле како член на словенската фамилија народности.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Комитетот како трајна организација, се плашеше да пушти кај себе рамноправни членови од другите народности, од Словени србомани и гркомани, или пак и само со српско и грчко образование, од страв неговите тајни да не им станат достапни на балканските државици.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не покажува ли тоа оти пошироки реформи од оние што ни беа дадени ќе можевме да добиеме и без револуција, а само со вешти, мали народни движења?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Националното обединување на Македонците може да стане само со компромис помеѓу нив, а не со капитулирање на едните пред другите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Само со едно око можеше да се гледаш во џамчето и само едно око можеш да си видиш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ние сме мал народ, вели, и ако не можеме да се браниме со сила и со оружје, ќе се браниме само со господа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ми помага само со сенката. Оти сенката иди со мене, по мене. Не ме остава да бидам сосема сам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Така полето, во Дрмине, си отвора нова врата кон небото и сонцето којзнае по колку години, а може и векови, одново згазува на земјата. На голата земја, покриена само со сенки, со темница и со влага.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Оти тогаш сите ќе избегаат под дрвјата и полето ќе остане само со сонцето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Господарот на елените не се задоволи само со тој одговор.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Тој можеше да подгледнува само со едното око, оти, до колку би се мрднал, би ѝ го одлепил „чудотворното јаболченце“.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
И само со тоа сакаат да се смешаат, да влезат во задругата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ни ваму, ни таму, само со главата запокажани.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тие ништо немаат по себе, вели, само со својата гола душа се излезени од дома.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оттогаш само со жени се ставам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Располагаме само со некои брдски топчиња, колку да ти ги заглушат ушите...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Имаше села, цели краишта само со наши луѓе и не сакаат да слушаат на грчки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само со ранецот, само со главата в раце.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мора да е тој логор само со поети, си велиме, затоа кај нив се одредени „Пушкиновите денови“.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само со срамот и со гнасот в раце.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се враќам сама, само со својот живот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Можеби тој логор да беше само со поети.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само со една пцост беше укинал цели народи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мака имам само со месото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— ,На жените само со бакнеж можеш да им ја затнеш устата", ми рече еднаш Горачинов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)