само (чест.) - тоа (зам.)

За мене е јасно само тоа дека голем дел од сите наши несреќи се должат на бугарскиот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но неговите раководители мислеа друго: тие во иднината, како и во сегашното, го гледаа само тоа што им е пријатно да го видат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ќе ми се падне еднаш да зборувам за рамноправноста меѓу мажот и жената и, само што го спомнав зборот рамноправност, стана еден човек и свика: — Сѐ, сѐ, само тоа не!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само тоа не, ќе вели Апостол Макаровски, само тоа не.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таа си го тера само тоа што го знае.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Тоа, тоа! – како никогаш пред тоа се израдуваа Ескимите откако Дедо Мраз голотијата и новиот тен им го обнови во топла, шарена облека. – Само тоа и ништо друго!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Не, не, простете, не е само тоа.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
На ова место тажно им беше само тоа што гледаа толкава шир пред себе, но не и оној крај од каде што беа тие.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Молчеше смешкајќи се и бараше сили во себе да најде начин да рече дека само тоа не бидува.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
имаше еден безбожник којшто призна дека кога му било најтешко, пак, на небото му се помолил, пак верувал дека нема господ, ама друг и немало до него и устата сама му се отворила да го моли господ, оти тогаш може да ти помогне само тоа што не е до тебе, тоа што не го гледаш, што не го познаваш, што не си го сретнал, господ мора да е и овдека и онаму, вели Илија Јованов, господ мора да е насекаде и затоа не можеме да го видиме и тогаш пак го гледаме офицерот, се враќа: дали сте биле војници, прашува, не, не сме биле, кажуваме, е отсега ќе бидете, вели, смртната казна ви ја заменувам со казна на прва борбена линија, вели, ќе потпишете дека доброволно се јавувате, ќе потпишеме, велиме, како не ќе потпишеме, таму барем може и да преживеете, вели, е ти благодариме, господине, велиме, ти отсега си ни господ, велиме, и одиме му ги бацуваме рацете, колената, чизмите, не бацувајте ме мене, туку потпишете овдека, ни вели, имате штастие, имаме, велиме, и среќа и штастие имаме, сигурно дека е пијан, си мислиме и нѐ одведоа во некоја касарна, ни дадоа алишта и плачките ни ги вратија после пак ни ги зедоа, ама тогаш ни ги вратија, само парите не ги вратија, пари не ви требаат, велат, оти одиме на фронт кон Турција или во Македонија. 122
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Иако времето врви, само тоа останува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)