Присуството пак на Smith е исто толку необично како и неприсуството на Picasso.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Организацијата пак на контракомитет беше и доцна и бесполезна.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
При градењето пак на храмот Соломонов, секакви ајљази сакале да ги дознаат тајните и без труд и без знаење да стигнат до мајсторската титула и го убиле Хирам, една не само чиста душа, туку и најголем уметник, главен раководител на работите на изградбата.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Еднаш пак на Јона да му текне: ќе ми ја гледа работата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)