Како претстава која се одигрува на некоја сцена, караѓоз, сенки, не можеш да дофатиш ни кој каде оди, ни од каде доаѓа, се движат, а ги нема, не можеш да ги запреш, да ги допреш и да проговориш.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Не се знаеше ни кој, ни кога, ни зошто го донесол записот таен, на книга сочинет, и го оставил токму таму, и каква е смислата на буквите, и каква е смислата на тие дејанија – да се донесе тој запис токму во нашето царство, во нашата пречесна црква, и токму во таа подземна одаја кон истокот на светлината што гледа.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Не знаев дури ни која е. Но зар е важно тоа?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)