Кога се сретиле во влажните (од солзи ли, од дождец ли?) поли на Моравија неоти знаеле нешто за заедничките денови на Волфган и Констанца во Прага, а не им биле и баш јасни шепотењата за волшебната моќ на абсинтот, згора и на аспарагусот.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Неоти знае кај бега, ама бега: удира наваму, натаму, кон секаде.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Шо ќе права! Неоти знам да ти кажа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Пак јас неоти знам шо зборуам! He ваќајте ми вие теклив.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А неоти знам кај се враќам, ама лунѕам, си ѕипам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Неоти знам што сум мислела...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)