Забавувајќи го возењето, немој случајно елените да ги испокршат нозете на леденото стакло, Дедо Мраз повремено довикнува: - Не е уште!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Што вреди што ми велат дека имам убави, долги и вити нозе како создадени за носење мини здолништа, кога моето огледало јасно и гласно кажува: „Бреза, твоите нозе се криви и немој случајно да си помислила да ги покажуваш”.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ајде, те чекам. Во вторник. Немој случајно подоцна.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Понекогаш се случува да се посомневам во неговата искреност и да помислам, разгледувајќи си ги нозете, дека и не ми се баш толку никакви туку, напротив, дека одлично ми стојат куси фустанчиња и костими за капење, но тамам во тоа ќе се уверам, ете ти го огледалото, сѐ ќе стори да ме разубеди.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Кога би имал на располагање барем некои дребулии?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Немојте случајно да се засмеете“ нагласи Иван „но сите мои претпоставки водат кон некој од познатите раководители на единицата што ноќевала кај нас!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)