нека (чест.) - му (зам.)

Утре уште рано ќе појде кај Сотка и ќе го моли да му ја продаде сликата, па колку сака нека му натплати.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кога татковците градски не таткуваат (плоштадот нека му е несоница на градоначалникот).
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Изутрина можеби ќе му сведочат некому дека полноќниот воз налетал на мина... Нека му е лесна земјата!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Толку нека му чини!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
— Добро, нека му е аирлија работата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе му го доведеме на мудурот, шо знае нека му праве — му одговори Лесната и тропна на вратата за да му отвори стражарот. Му рече дека има работа кај мудурот и овој го одведе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Добро му е. Добро! Мошне добро. Значи, нека му биде добро. Ете.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Си има татко, си има мајка, нека му ја мислат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Кети“, тој рече тивко како божем неговата сопруга да беше до него, „Кети, Господ нека му прости. Господ да ни прости на сите нас!“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ако е потребно нека му каже Вера.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ако е така, а инаку не може ни да биде, тогаш налет нека му е и конференцијата!
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сличен на мудроумен и видовит старец, збрчкан од тежини што му ја притискале преморената душа и бушав од игра на ноќни ветрови, Лозан Перуника дошол на испотен шарколија и ги избројал пред насобраните луѓе и жени гробовите што живите од дружината им ги ископале на мртвите: останале патем рабите божји Дмитар-Пејко, Неделко Шијак, Јанко Крстин, Пеце Димовски, Борис Калпак, Симон Наконтик, Онисифор Мечкојад, Куно Бунгур, Пандил Димулев, Никола Влашки, Сандре Самарија, Самуил Пендуш, Филип Макариев, Никифор Ганевски, Илчо Просинек, Каменчо Скитник, Орлен Шумков и Јаков Иконописец, кои со ранетите Чучук-Андреј, Метуш Батковец и Цене Папчев можеле да бидат прогласени за дваесет свети и пресвети маченици, безбедниот Јаков Иконописец, без тој апостол со душа на вероизмамник од чиј оган горел Круме Арсов (ако починал, бог да го прости), и отишле или бегале од дружината Васко Тушев, Цуцул Мицковски, Осип Сечковски, Салко Вадидуша, Трипун Караѓоз, Гидоен Кузмановски, Блаже Задгорец, Марко Марикин, Пане Долгманов, Кирил Сукаловски, Јордан Шоп и последниот, сѐ уште негде на пат, Спиро Првославец, ако е некој виновен - господ нека му суди и се враќале со камења за неколку воденици и со тројца ранети Онисифор Проказник, Јован Стојче-Столетников, Герасим од Побожјане, Богдан Преслапец, Лазар Аргиров, Наџак-Јанко, Арсо Арнаутче, Цветко Грнар и Богоја Гулабарин, споулавен и зол колач на беспомошен раненик, и еве го него, Лозан Перуника, гладен и жеден гласник, од чие бавно и тешко редење на имињата до бога раснеле тажачките на жените и плачот на децата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Веста била удар од кој можело да се падне ничкум и да се гризе камен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И Патрокле (нека му ги бере гревовите ортакот) ги брои тука деновите, ги дели ноќите со виновниците и со од мајка неродените. Сѐ заради ортакот - „човек лукав и вреден“.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Бог нека му даде место меѓу праведните, рече поп Танаско.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ууу, камен ти под јазик, Уљо, велам јас, ти поткасај си го јазикот, а нему и другата нога нека му се исуши!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Па да, некој од вас нека оди кај Тодор и нека му каже дека може да работиме во радиото, се јави Димитар.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
„Сега да речеме, мајстор Јосиф ефенди, Алах нека му е на помош, така?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Рече скромно: „Па, Падишахот, светлоста нека му е вечна, нека прати еден султански берат за мене, и јас аферим' ќе речам.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Анџак сме ние обајцата тука, маските, нека му се живи на Ила, се тука, вака, ќе си вјаниме ние со тебе утре рано, ќе си и дупниме горе Мечаила.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако сака да а продава ќерка и, нека a извади на атпазар: кој џамбас ќе даде повеќе, на тој нека му а даде, a јас не су џамбас со кобили да трговуам.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Море Ристе, море брату, гледај ти ние да си a свршиме нашата работичка и да лапниме по некоа бела меџудиа, та дали јајца ќе му готви, млеко со ориз, ореи со мед, тоа нека му мисли тој шо ме прати.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дедот Петко нека го најде дедот поп Трајка, нека му жугне да биде азар кога ќе го викнеме вечер да ве позаврте малку и да си а земе секој работата и гајлето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Море ами, бацко Стале, ако се лути, ете а, нека му е алав и од мене и од господ, — изусти Трна една неделина кога Стале и го соопшти „лутењето“ на сајбијата и длабоко се издиши: — Нека ми е живо пиленцето, та лесно ќе си го израна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ама кој е тој будала, пак, што ќе си го закопа на животи чедото: да му гладува: И така, стариот Ѓуро гледаше да ги истурка прво тие „чумите“, женските, па за Јошета — ако се најде арно, ако не, — нека му е жива бабичката; ќе го приперува на две три недели еднаш, и ќе им завалкува по некој короман кога ќе донесе по некој тагар брашно.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Поп Трајко божем се тргна па му вели: — Море, ами најстина ли бре, у Сукала наш пак невеста, нека му е жива?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ајде, нека му е аирлиа, токо . . . кој знае па таа Рожденката дали не ќе одврзе да раѓа па да се нап'не куќата и да нема децата каде да се огреат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Толку било к'смет да се поцрна, нека му се праве нему ќевот, јас су кандисан на се.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кажи му, нека му каже на човекот што ќе му сакаш, до кога да те чека, та спремајте се и он и ти, прибери се да имаш сенка над главата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нека му е аирлија муабетот на Петка! За каде ли го маслосуа? ...
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— И ако праша од кого е, слободно нека му речит од Стоја Сукалов.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во лето е умрен, си мислеше за Митруша, нека му држи сенка.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во лето е умрен, си викаше, нека му држи сенка.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Он`ј голем, бел, висок како скакаоница.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Па, нека му е со среќа!
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Па, нека му е среќно растењето!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Море, умот нека му дојде, - чкрташе со забите татко ми.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Букефал нека му биде името на коњот што го примив при срце, мене тој достојно да ми служи заедно во победи да јаваме!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Со вас нека му е арно, за мене не берете гајле.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Нека му е лесна земјата на Никифор Абазовски, си реков. ,И дрвото не е дрво, ако не се чуе неговото паѓање", велеше дедо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)