Нека одат кај другите Батанџии, нека прават шенлак со тие невести и моите другари!“
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И господ и ние по малку ќе му помагаме, ќе протутнат и тиа дури не не опласкаат нас, Па кога ќе и затвориме ние очите — татар колосан — шо сакат нека прават!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кој не ќе сака да се врате, ете му ги куќите, што знае уќуматот нека прави.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ти велиш еден ден јас го давам тебе два.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кој како сака нека рече, нека мисли и нека прави против мене.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Нека, велев тогаш, нека прави, нека гради.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
И објаснив оти така месецот можат да го истераат без кусок во касата а дотогаш нека прават што ќе прават да се снајдат некако.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ти си крива, ти велам јас, ти за сè крива!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Само продолжи така; кај Надежда на кафе; со другарка ми Славица одам да прошетам низ населба; со другарка ми Софија бев во „Багдад кафе“; ќе појдам до кај сестра ми... а децата нека прават што сакаат, секое на своја страна.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Но откако се расчу низ селото за овие нивни врски, Профим виде дека нема каде и попуши; рече: „Нека одат по ѓаволите, нека прават што сакаат“ и ја исфрли од дома без свадба, без ништо.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ако некому тоа не му се допаѓа, нека прави што знае ...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Толку со гајдата, сврши нејзиното, вели, ќе ја фрлам на черен да ја гризат молци... Нека прават глувците седела, вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)