нека (чест.) - оди (гл.)

За негов к’смет воа се праве. Па ако сака да му а викна невестата, ако не — јас ќе си готва, он нека оде, нека си бара невеста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нека одат кај другите Батанџии, нека прават шенлак со тие невести и моите другари!“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Значит, петстотини ако дадат ќе оставиме да носат главите до кајмакамот, ако не нека одат кај Петре нивни, — беше последниот збор на бегот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Само ти ќе правиш намуртен суратот, како да не кандисуваш, оти којзнае дали пак тој ќе кандисат на толкав сума, како баеги пари сет.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Нека оди кај сака. Идиот. Се напил како свиња. Плампа што не било.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ај, оди ти, да ти, бре, ти... - Јас ли? Не. Јас бев пред малку. Нека оди некој друг. Одвај се стоплив...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Нека оди мајка му, таа е домаќинка а не тој!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
„На печалба, вели, нека оди кој што има долг“!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Но нека одат по ѓаволите овие непотребни брборења.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сета негова трезвеност, неповерлива и строга, отстапуваше, и како да не стануваше оној Арсо: фанатичен, горд и залутан. По ѓаволите нека оди сега оној Арсо!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Помислив - тој е задужбина на нашиот големец Исхак-бег, голем амам е, воздухот таму е пријатен, ѕидовите не се потат, нема влага - ајде, нека оди!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
МИТРЕ: Ех, речено било од бога да оди, нека оди!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МИТРЕ: Нека оди! Јас го пуштив со името на бога.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Да им тресне в лице нека одат по триста ѓаволски мајки и да престанат еднаш да се врцкаат така сѐ околу него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нека оди да си го гледа алот дома. Се убиваат со машинки по улици. Ги мачат Црнците.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Нека оди снагата на пците, барем душата ќе си ја запазам.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Нека оди тој прв! - го препознав шепотот на тетка Олга, - и само да не си седнал кога мочаш, ќе те убијам! - тука шепотот на тетка ми одеднаш зазвуче како саскање на змија.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И овојпат беше превкусно, но бев свесен како повторно ќе ги закочи моите и онака мрзеливи црева и при секоја помисла на ова одново и одново се препотував.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
А оној што сака да носи воздушна пушка, што сака да стрела со неа, нека оди на стрелиште, место предвидено и уредено за тоа.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Да речам: колку е убаво река да тече сред град; да имаш плажа на дланка; ама не е убаво дека не нè оставаат да одиме на река; а кога бегаме велат дека сме непослушни и лоши деца; па и тоа да е точно, нека е така; кога ќе бидеме ние татковци, нема да им пречиме на нашите деца; ако сакаат, секој ден нека одат на Вардар; секако, тогаш ќе има убаво средена Градска плажа - со кабини за соблекување, со ситен песок за лежење, со киосци за сладолед - сè средено така што нашите деца нема да се плашат од витли; и сѐ така некакви штогодерии зборувавме, како што вели баба ми - ПАДНИСТАНИ.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Нека не нѐ води и нас таму. Нека оди сам.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
„Се разбира! Нека оди по ѓаволите, добредојден е.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се сеќавате ли на приказната за Абернети?“ „Не; нека оди по ѓаволите тој Абернети!“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И ѝ кажав и за клинои, ако детето многу се моча, и ако е крепа во ципите, да земе трипати по девет зрна грав и јачмен и да ги остави да ги намоча детето, и после да ги извади од под детето и да појде меѓу две води и со зрната да го боцнува детето и да вели: „Ако се сувите нека одат посуво, ако се водените, нека одат по вода.“ 60
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)