нека (чест.) - има (гл.)

Ти да бидеш жеден кактус, а јас капка која ти недостига, ти да ми бидеш верен, а јас стопати да те изневерам, да ги смениме улогите, па нека има од се по нешто, за мене авантура и удобност, а за тебе, како е да се биде ЈАС.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
— Направи забелешка Шаќир кога Толе почна често да се одделува од четниците само со Ќосото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ајде, нека има и кај нас еден маж без мустаќи, само срцето нека е машко, та мустаќите ни помагаат, ни пречат, — се нашакува задоволен Толе и ја зачисли својата светијованка Митра во својата чета како Мише Ќосото и го продолжи комитскиот живот во нејзина близина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Силата на четите им се зеде, Бахтијар ги брка како зајаци и ќе ги отпаде откај нас сигурно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе е со осум души; нека има другари, според лебот што го нарача, најмногу три, четири до петстотини, а Бахтијар има четириесет илјади.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако јас сум казнета од судбината да немам свои деца, си мислела таа жена, барем тој нека има свои.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Утре и тој ќе донесе од дома... нека има повеќе.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Нека има работа, нека те запознае.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во твојот живот нека има рамнотежа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
„Море, што повеќе нека има...” дофрлуваше кафеџијата Јандро не можејќи да престаса со пијалокот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
ГОСПОД НА ПОМОШ за добро и за лошо НЕГОВ Е ЗБОРОТ. - Во ЗЕМЈАТА ЕЗЕРСКА нека има добрина... ***
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
ДИМИТРИЈА: Немој ти збор да нема. Нека има збор.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)