Кочо се подума малку и беше веќе готов да се согласи, кога одеднаш се јави женски глас од зад него: - Ако нема каде, нека дојде момчето кај мене.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
- Тогаш е јасно... Нека дојде...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Пушчете и, нека дојде првиот сосем до стена, за да ми дојде мене поблизу третиот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Само, нека дојде стрико Куле. — предложи Толе и погледа долу долот. Не помина ни саат два, по нивните дири, горе долот, се зададе човек со наметната сакма.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Море, ќешки нека дојде до бакнување рака, бег, та истеристемес ќе бакне.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Е па тогаш само нека дојдат Кинезите, нека стигнат пеш до Дордоња не брзајќи, сè од Пекинг.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
„Но поарно е, оваа радост да и ја оставам на Вита: таа нека дојде со кошницата...“ - си рече и продолжи по патот, без да купи од лебот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Само нека дојдат! Само да дојдат.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Нека дојде директивата, нека ми потшепнат и ништо друго не треба. Еба си им мамето мајчино нивно...
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Кој се плаши од мракот...нека дојде кај мене.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Вака, сега кој сака нека дојде.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Еве, согласен сум, нека дојде та и нека се запусти тоа што се родило!
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
- ... Ги префрливме. Сега нека дојдат да ни вршат попис, налутено, со некакво заплашување во грубиот глас, расправа стариот.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Сега веќе нека дојде.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
ВАСИЛКА: Викни ја нека дојде, јас да ја попеам со некој благ збор.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Кој сака нека дојде јас одовде не мрднувам.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
АНТИЦА: Ако, мори, нека дојдат, со радост ќе им ја дадам душава.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Нека, нека дојдат ѕвездите.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Се сеќавам, пред Свети Сава ме фати треска, и едно време не одев на училиште, но учителот им рекол на децата: Милица како знае нека дојде. (Кога дојдоа Србите ме прекрстија од Милка во Милица, но дома сè уште ме викаа Милка или Мила).
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Има и друга можност... Нека дојде тука да живее.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Сирма у Сирмеви нека дојде, се смееја кога ја избираа.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
– Викни го, Феруз, Арслан-ага нека дојде – нареди Мехмед и почна одново да ја разгледува Анѓа, да се чуди и да ја врти главата;
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Ако дојде, нека дојде. Добре дошол.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
КОСТАДИН: Ех, Симке! Од јагне си покротка, само од волк си родена! {Се слуша кашлање).
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
— Нека бидат живи, нека дојде тоа време.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Заватен е сега засега, му дал господ малу-ногу од се, па вели: „стопанка му, нека дојде, само на жена да мириса, ќе биде задоволен.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ајде ти, невесто Менко, спремај се да ѝ кажиш на Доста нека си земе плачкуринките та нека дојде овде.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ако не, нека дојде, таа ќе му даде на заем. И му намигна да не ја види Илко.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Ајде, деца, врј, врј! — Кој има јак врј нека дојде вамо — вика Крчо Косов.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ја остави ваганката на ковчегот и дури ја симна тавата од гредата, Карабуклијата и рече: — Дај, невесто, јас ќе го насеча месото, а ти појди жугни и на Доста, нека дојде.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ама пак да не рече после оти невидена појду, нека дојде најпосле и он утре со дедот Петка, па и нека ме виде, немој утре пишман да се праве, да ви а к'не душата како на дедот Петка, така и тебе, а мене да ме тр'е сол на главата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Одговор не напиша, ами порача: — Нека дојде во четврток, ќе му кажа нешчо!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Токо, налет ти голотиата. Ете, од Стоанка останаа толку алишча, нека дојде, нека носе, пците нека а носат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ајде, кажи му на побратимот шо ќе му кажиш, пак он утре рано нека а намачка преку рид, утревечер пак нека дојде со абер, а ти спремај си тоа парталочките, појди му и заживеј си како човек, шо се вели лавот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Трајче нека го земе Дорча - продолжи Евто - и нека дојде во Караорман.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
- Нека види Турчинот кај сме, - велел, - па ако му држи нека дојде.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Потстанаа, проусти плашливо, но доста гласно: - Ако сево ова е вистина, нека дојде некој да ми го потврди тоа!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Командантот му се обрати на својот курир: - Оди доведи два коња и нека дојдат уште двајца кои генералот ќе го пратат до... - сакаше да каже до границата, ама брзо се сети и доврши: - до одредиштето...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Крст на крст нека дојдат- рече Петре и се прекрсти.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
На твое место јас да имам три такви ќерки, која сака власт нека дојде.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
— Нека дојде тој, вели, ако му е чисто.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)