не (чест.) - сега (прил.)

Туку ајде, печи пајка, ќе ја добиеш сликата од мене, ако не сега, наесен.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Првото нешто што може да се рече тоа е дека ние не сега се одделуваме од Бугарија и со тоа раздробуваме едно создадено цело, туку сме одделни и живееме веќе одделно повеќе од 25 години.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На кого како помислувам така никому од нив ни очите не би сакал да му ги видам. Барем не сега.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Немаше каде да одам, посебно не сега.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Што не учел преку целата година како јас, па да си биде мирен и да си ги брои петките, а не сега, на крајот му текна?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Не верувам дека би се решил на таков чекор... Посебно не сега....
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
БОРИС: Да ти покажам. СОЊА: Не сега. БОРИС: Набрзина. Затвори ги очите. СОЊА: Тато уморна сум.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Цел свет го има пешачено и секогаш го пронаоѓаше мирисот мој та не сега!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ќе се чуе, ќе чуеме, ама не сега, туку кога планините ќе се променат во зелени фустани! додава Пелагија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Така е во животот. Ако не сега, никогаш!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
НЕДА: Не. Не сега - доцна е.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- „Јас, всушност, сакав само да телефонирам“ рече Марија. „ - Договорено, мила“ - ѝ рече главната, водејќи ја до креветот со толку нагласена нежност, што не можеше да биде вистинска, - „ако се однесуваш добро, ќе можеш да разговараш по телефон со кого сакаш. Но, не сега. Утре.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Марија ѝ упати еден очајнички поглед, избезумена од ужас.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)