Никој не шушкаше, никој не се ни помрднуваше, сите молчеа како да се камени фигури, а не деца.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Веќе не дете.
Небаре си ја постигнала
крајната цел
во животот:
да бидеш сама.
Не, туку да можеш
да опстанеш
- смртно
сама.
Обратна положба: враќање
Се враќаш таму кајшто не ти е добро
- ни малку, никако
како и да ја свртиш работата.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)