Ама, зар ова е мојата смрт? Смртта треба да ми ја донесе господ, а не некои долни арамии. Не е така? Да не исчекам, ако не е!
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Задоволен, го отвори некаде во првата половина и со дланката помина по хартијата. Рапавка, не некоја квалитетна хартија.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
И ден-денес мислам дека и партијата на Луција многу личеше на еден таков обред, и јас дури подоцна, размислувајќи за тоа, сфатив зошто толку многу Луција инсистираше крајот на приредбата да биде токму тој обред, а не некоја џез или балетска точка, на пример.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Еј, тоа е Достоевски. Класика, а не некој домашен автор, од твое маало.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Секако, ме болеше, ама мене ми беше убаво дека тој токму мене ме брка, а не некое друго девојче.“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)