Последното чкртање на двоколките стивнало, од остриот звук земјата станала сунатица.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ниедно грло не ѕвони. Ни закланите грла на есента.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Пиши ми побрзо. Поштарот доаѓа трипати неделно и не ѕвони, како во оној филм што сме го гледале, туку свирнува на труба.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
- Ох, - си помислив, - што им е денес на луѓево, што не ѕвонат?
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Луѓето од дружината наеднаш се почувствувале измамени по долгиот пат на кој коските на другарите биле патоказ од пекол в пекол - ги пречекува куп суви очи, никој не им подава рака, не ѕвони смеа на деца и не се слушаат женски извици.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)