„Празна раница не чува граница“, почнаа да се читаат пароли по буките на Кравица, Петерник, Соколот и Добро Поле, изрежани со штиковите на гладните војници од оваа страна на фронтот и се зачестија „мечките“ каде што имаше Германци, а бугарските војници со „дикат“ дигаа сѐ што имаше за јадење од нивните магацини и кујни.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Меѓу оброците, ако мајка му не чуваше стража, тој постојано крадеше од бедната залиха храна од полицата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Душата му се лути на полјакот, дека не чува како што треба, иако се знаат, комшии се дури, и толку пати го честел со ракија и редовно му дава грозје да им носи на децата.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)