не (чест.) - функционира (гл.)

Таа е обид да се постави невозможна метафора, и потоа да се работи со неа и да се види дека не функционира. Тој е гнил соработник!
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Постојат оние места каде мојата приказна едноставно не функционира бидејќи користам животни.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Од чаршиските анализи на крајот произлегува дека 80 посто од скопските шмизли откако ќе напунат 35 години најчесто завршуваат како немужени моми или, доколку ступат у брак, тој е претежно од интерес и најчесто се дешава тој брак да не функционира.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Берзата не функционира сѐ уште во Македонија!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Касарната сега не функционира, но од еден мој пријател кој лично се познавал со Саво ја добив неговата адреса.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таму не функционираат термините искреност, љубов, верба, доверба и други квазихристијански концепти, туку она што ги детерминира се реалните интереси.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Страшно многу работа имам! Ако секој ден не им стоиш над глава, ништо не функционира.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Што сакав да ти кажам? А, да. Донеси ми го текстот најдоцна до дваесетти. Па овој четврток, да. Прекутре.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ако системот не функционира, можеби не ѝ одговара на културата.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Штом некоја шема не функционира, направете едно чистење во својот духовен живот, како што напролет со постите правиме чистење на своето тело од сѐ што се напластило како негативно во нашиот организам, во нашиот ум и во нашата душа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Заборавете го минатото како средство за обвинување, исчистете се еднаш од тие напластени шеми на размислување, тука треба да се разберат и простат грешките од минатото.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Постполитичкото информатичко општество коешто денес го развиваме, не функционира по принципите на покорување и конформирање со догмата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Општеството на иднината веќе не мора со тешкотии да толерира неколкумина отворени иноватори.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа е засновано врз индивидуалното мислење, научните сознанија, брзата размена на факти во мрежа на повратна спрега, развиена висока технологија, практична фронтална креативност.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)