Но каде да одев, да скитав, јас не сретнав појунак човек, жено, од сина ти сакан.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Никогаш Демијан не сретнал Ром во животот, ништо не знае за нивниот танц и нивната музика, ништо не знае за балканските ритми, никогаш не бил во Европа ниту пак знае мојата земја на карта да ја покаже...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Каде сѐ не прашувал каде може да се купи таков, жолт путер (каква чудна тавтологија, рече, но вистинита е, и неопходна да се опише токму тој путер); низ годините, по сите градови, по целиот свет, барал таков путер; путерот му станал опсесија, еден вид пасија; но никогаш и никаде не сретнал таква боја и таков мирис.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
ПАНДЕ: Го минавме уќуматот, никого не сретнавме; стигнавме до Заптијаната, никого не гледаме...
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Помислив одново на тоа дека никаде не сретнав фотографија на сега веќе потопеното Долнец.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Се качував скала по скала. Посакував да не сретнам никој од возрасните.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Не му одговорив. Не се свртев.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Дури откако влегов во зградата почувствував колку сум истоштен.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Еден ден Малчо си одеше по улицата и си мислеше: „Зошто не сретнам сега некој старец, волшебник и тој волшебник да ми рече“.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)