А потоа и оној додатен податок: Роза ми објасни дека се јавувала по телефон дури од Градска пошта, добро сум знаел дека Раде не држел дома телефон бидејќи гарсоњерата ја користел само за починка (се разбира Роза притоа не спомна дека таа гарсоњера Раде ја користеше всушност за неговите машки потреби).
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Проповедникот На д-р Ѓорѓи Зафировски Никогаш и никаде Тој не спомна нешто што ние живите го поимаме како време, и ете, во суштина, ние се разликуваме од Проповедникот не сакавме или пак не можевме да сфатиме дека нам не ни одминува времето туку - животот.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Тој никогаш не спомна некаква врска помеѓу неговиот чин на распопување и постапката на попадиката која го беше напуштила не само него, туку и непораснатата ќерка.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Како нешто да спомна, а јас не слушнав - вели Борко. - Не знам. Ништо не спомнав.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Инаку, вредно за спомнување е тоа дека уште пред тој да го покрене спорот, веќе не работеше во фирмата – бидејќи раководството на „Охис“, претходно му понуди околу 2.000 ЕУР отпремнина за тој да биде прогласен како технолошки вишок и „доброволно“ да го напушти работното место, но сепак не спомнаа ништо во врска со намирувањето на платите кои му ги должеа од порано.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во судскиот процес пред Основниот суд – Скопје II, кој Х.Џ. како тужител го иницираше во јуни 2009, тој беше застапуван од полномошник- адвокат – инаку негов личен пријател, кој и му даде дополнителен поттик за покренување на тужбата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)