не (чест.) - содржи (гл.)

1 Тој дојде на местото на Законот за присилно порамнување, стечај и ликвидација од 1989 година, 2 а додека беше на сила претрпе три измени и дополнувања, во 2000, 2002 и 2004 година. 3 Во 2006 година беше донесен нов Закон за стечај, 4 кој до денес има претрпено две измени и дополнувања, во 2006 и 2007 година, 5 но тие не содржат промени во одредбите што се однесуваат на правата од работен однос.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
А беше тоа рутински напишана телеграма, без душа...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Всушност, во телеграмата останав неверен на самиот себе, ги импровизирав компонентите на вообичена средба која не содржеше некакви посебни содржини кои Управата и високото раководство можеше да ги очекуваат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таму се произведуваа булеварски весници кои не содржеа речиси ништо друго освен спорт, криминал и астрологија, потоа сензационални романчиња од пет центи, филмови преполни со секс и сентиментални шлагери што беа целосно компонирани на механички начин, со помош на еден посебен вид калеидоскоп познат како стихотвор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Новоговорот беше базиран врз англискиот јазик, онаков каков што го знаеме сега, иако многу од новоговорните реченици, дури и кога не содржеа новосоздадени зборови, би биле одвај разбирливи за човек што го говори денешниот англиски јазик.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Па и самата изјава „ Ти не постоиш“, не содржи ли и самата таа логичен апсурд ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)