Тој не разговарал за ништо друго освен за принципите на Ангсоцот и немал друга цел во животот освен да го победи евразискиот непријател и да ги прогонува шпионите, саботерите, мислопрестапниците и предавниците воопшто.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Не разговараа за можноста да стапат во брак.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во собата владееше тишина, а тие четворицата си подаваа некаква цигара еден на друг и скоро и да не разговараа, но затоа тивка музика допираше од касетофонот кој што во темницата не можев ни да го видам точно каде е сместен.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Кога запрашав, „Што ве донесе?“ тој рече, „Никогаш не разговараме“.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Тој не разговараше на оваа тема со неа, препушти работите да ги води Круме Волнаровски со неговите соработници, но лично ја надгледуваше нејзината активност во Центарот или информациите за тоа ги добиваше од Андон Клековски, негов непосреден доушник, контролор без одредено работно време и без конкретни обврски кои би биле видливи за клиентките.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
„Ти ништо не разбираш“, рече. „Јас можеби ништо не разбирам, но знам дека не се враќам ноќеска дома ако не разговараме“, реков.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
А можеби и никогаш не разговарал за тоа со него.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Со татко си не разговара. Само го сеќава како голема тежина неговиот бунт и здодевност и тага.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Жителите на градот, сите со тага во очите, не разговараа меѓу себе. Се разминуваа без поздрав.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
- А ти веќе не разговарај со неа. Таа мене ме гледа.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Но, елените не разговараат со играчки, особено кога се мамурни, а играчките почнуваа да се жалат – ту како некоја си ја шинала ногата или го исчашила колкот, како си ја потстругнала главата, или ѝ побегнало тркалото, приколката, па ти бара клуч, шрафцигер, ту ќе ти побара да ја подмачкаш со ова или она, небаре така ќе и престанат бодежите во слабината...
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Што му е на човеков што се зашил за неа, а никогаш не разговарал за што и да е.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Го премолчив она што го видов во него кога повторно го закачив. Повеќе не разговаравме за огледала.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
МЛАДИЧОТ: (По мала пауза.) Се извинувам, но, кога тргав отаде, ми беше речено со никого да не разговарам за тие работи.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)