не (чест.) - проштава (гл.)

Тие лесно стануваат нејзини жртви. Историјата никогаш не проштева.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тоа не можам да ти го простам, момче! Да знаеш. Никој татко не проштева тоа да го знаеш!“ И окото се шири и се разлева.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кочовите не проштеваат лесно. Тоа се лиферантските зделки што семејството Поцо ги правело за турската армија.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Многу ми се сакаше, речиси нешто ме копкаше, некому да кажам што сонови сонувам, ама не решив, пред стрика Бориза ќе испаднев религиозен и суеверен, а тоа најстрого го имаше забрането Партијата, и стрико Борис за такви работи, религии и суеверија, не проштаваше.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)