не (чест.) - пречи (гл.)

Вистина, четите ги избегнуваа битките, но тоа уште не значи дека не пречеа да се воведат реформите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По вечерата дедо ме зеде на колено, велејќи им и на другите внучиња: - Слушајте и вие, а ако на некој од вас многу му се игра, нека излези за да не пречи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Затоа тие зборови и не пречат многу, дури кога постои сопствен збор, во тие случаи можат да останат синоними, со понекогаш посебно стилско значење.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
3. Оставете ги децата да доаѓаат кај мене и не пречете им зашто нивно е царството мое...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Како сенка која не пречи, а секогаш е тука, Роска завлезе во длабока старост, почитувана како супер тетка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Спијат“, уште малку се повлече таа. „А ти не грижи се, не пречат.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но тоа воопшто не пречело, тоа и сега продолжуваше воопшто да не пречи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Потребни ли ти се глупавиве штосови за дејствието? - Не пречат, колку да биде поживо.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Цел живот ѕиркам низ пенџерче. Да не видат дека гледам. Да не пречам. Да останам на страна.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Инаку, нивната идила траеше долго и беше видна не за да им предизвикува завист кај другите, туку ним да не пречи во задоволствата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тоа што емпиријата докажа дека не е така не пречи, бидејќи – ова сѐ уште е транзиција, односно ова сѐ уште не е посакуваниот економски систем.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ако некоја од странките отуѓи предмет или право за кое тече парница, тоа не пречи да се доврши парницата меѓу истите странки.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Чадот не е опасен и не пречи да се изгради бањата...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)