- Слободно! - одговара учителот не прекинувајќи ја работата.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
И не прекинувај ме, заборавам лесно.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Се зеде на себе, не прекинувајќи си го својот вресок.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тој слушаше внимателно, нишаше глава и шмркаше не прекинувајќи ме.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
На врвот од веселбата Јехуда и Алегра ги креваат заедно со столиците на кои седат и - во ритамот на веселата музика во која се извива звукот на гарнетата што младоженците толку многу го сакаат, сеќавајќи се на нивниот прв заеднички Пурим - ги носат над своите глави, како цар и царица на свадбената свеченост што продолжува... И никогаш не прекинува да трае.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Таа го погледнува: „О, колку си убава, о колку заносна, љубена моја со твојата убавина”19.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
„Не прекинувајте ме! За вас, децата, десет години е многу, а за деградираната, тоа значи уништената почва десет години не се ништо.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
ФЕЗЛИЕВ: Не прекинувај ме, ти се молам. Јас овде си ја играм својата ролја според договорот, играј си ја и ти твојата. Тоа е сѐ.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
ФЕЗЛИЕВ: Не прекинувај ме, ти се молам. Јас многу убаво чув сѐ што му порача на Методи.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)