не (чест.) - полуди (гл.)

Збеснета, болничарката се исправи меѓу врисоците на исплашените жени. – Курво! – викна. – Заедно ќе скапеме во овој свињарник, сѐ додека не полудиш заедно со мене.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Пошепнаа само, додека беа насамо, постарите, дека е добро што не полуде.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Марија се јави без размислување и слушна еден далечен, насмеан глас, кој се забавуваше имитирајќи ја телефонската служба за точно време: – Точно е четириесет и пет часот, деведесет и две минути и сто и шест секунди.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)