не (чест.) - пламне (гл.)

Ненадеен здив на попладневен ветар го смекна да не пламне, да не ја испцуе жената, навидум старица, иако постара од него само неколку години. Така е, само луѓето, тие и ништо повеќе, можеа да бидат грешка на природата, зло, свое и нејзино.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И мртов памнам Иако не пламнам Ветерот Беше Ти. мирис Го препознавам Тој мирис Што ми го навестува Крајот. расчленување Работам врз Сопственото Расчленување За да не остане Ни капка за показ Ни трошка за видување. вечното Се губи погледот Некаде Кон Далечното Оттаму Со презрив насмев Ми возвраќа Вечното. озарен и со огон Озарен и со огон Стрмам До нефат Дно.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Во распретаната пепел светнало слабо жарче. Накрши суварки, наведната хухаше сѐ додека не пламна огонче.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)