Не пеј песната страдална - в гората капат лисјата. водите течат - ронат брег и влечат млади јасики.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Птиците пеат, проловите пеат, Партијата не пее.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
„Тој не пееше за нас“, рече Џулија.“ „Тој пееше за свое задоволство. Па дури ни за тоа. Тој просто пееше.“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во извесна смисла, се чувствував понижен и отфрлен од сите: не учествував во нивниот обред кој ме возбудуваше и ме примамуваше; не пеев дури ни народна песна; не играв оро; не читав патриотски рецитации; јас бев паузата на нивниот обред, обичен кловн што, искачувајќи се по скалите потпрени на небото нема никакви докази за неверството на својата Петрунела. ***
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Она што е мртво не пее. А тие пеат. Мртви се, ми рече. Сенки се, ништо друго.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Петлето не пееше. Кучешки лаеше. Ав, ав, ав а мачките – магла!
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
- Соземи се. На дрвово не е кивавичаво петле, туку човечко суштество.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Целата ноќ што мислел и думал, за кај бил и сега каде е во таа пустелија кај што петел не пеал и куче не лајало.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Дали ќе видите некој сон оти јас сум во една пуста земја кај што петел не пее!
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Но имаше и такви вечери кога водарките не пееја кога си доаѓаше оној од градовите.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Да згрми разумот во светот в прав нек падне сиот свет!
(На Матеј) Зошто не пееш?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Рече дека така поубаво ќе ги слуша песнопојците Блаже Задгорец и Богдан Преслапец. Никој не пееше.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Дедото Симон си ги разголи ушите и ми го завитка грлото.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Утредента веќе не пеела, туку со слаб глас само прашала како детето ја поминало ноќта.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Копнежливите очи ѝ згаснале како отсјајот на ѕвездите во пресушен бунар, а низ процепот се наѕирале само уште двете стаклести зеници.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
- Петлите и да не пеат ќе се раздени, велам, а ти оди и носи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)