не (чест.) - купи (гл.)

Не купија книги. Заминаа по улицата пренатрупаната со луѓе.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во тој момент пред купето се појави кондуктерот, кој ни го прекина појадокот, а по него и еден со количка, во која имаше кафе и пиво. Но, никој не купи ништо.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На средината на масата имаше голема бакарна чинија во која луѓето фрлаа по некоја пара, и да купеа, и да не купеа свеќи.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Но никогаш не купија, бидејќи одговорот на продавачот постојано беше - нема.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој не купил нови алишта, но затоа неколку пати се напил „англиска сол“ за да го растрои стомакот и на таков начин да ја промени бојата на лицето.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Кога во живеачката надоаѓа сиромаштијата широко зинуваат устите за мали залаци и погледите на луѓето папсуваат како оној на селанката од Пустец од чиј врзоп денеска никој не купи ништо - барем едно сунѓерче за миење садови, едно шише маслинов зејтин, една паста за бричење.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Куна не купија, зашто, навистина, беше скапа; а наместо неа одбраа фока, најдобра фока каква што можеше да се најде во дуќанот, која оддалеку секогаш наликуваше на куна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А месо, велат, никогаш не купувал.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Така ги мачеше. А ги мачеше и селаните што не купиле пушка. Ги тепаше.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како Иван Иванович, така и Иван Никифорович не ги сакаат стениците и никако нема да го пропуштат Еврејчето трговец, а да не купат од него еликсири против тие инсекти во различни шишенца, откако претходно добро ќе го искараат зашто тој ја исповеда еврејската вера.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Иван пак, Никифорович, ви ја дава право в раце својата табакера и ви вели: „Земајте“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)