не (чест.) - крие (гл.)

Никој од учениците не криеше колку му ја разгорува таа младата фантазија.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Вџашен, без да има таква намера, го закопа погледот во долчето помеѓу нејзините дојки при што таа си ја стави раката на градите, со палецот и показалецот се фати за бисерниот гердан, да се покрие, но некако не криејќи му го задоволството дека знае каде му залутал погледот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Потоа, на столиците зад него, седнаа двајцата милиционери при што видливо се завалија спружувајќи ги нозете на двете спротивни страни како да сакаат да покажат дека тие со оваа работа немаат никаква врска и не кријат дека ќе им биде здодевно.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Делкасе не криел дека бил „заплашен“ со интерпелација во парламентот за ерменските и македонските работи.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Веќе од никого ништо не криеше. Ники па Ники.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Додека влегуваше во собата беше како оние сосема нечујни облаци што залажуваат дека ништо не кријат, ништо не носат, но кога наближи и се истури на мене престорувајќи се речен брзак, и кога потоа ме зафати во врелата матица, богами го загубив здивот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Такви убавини не ни се случуваат секој ден, батка.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или, можеби, ништо не криеше. Како орев од кој вешта верверица ја извадила на неразбирлив начин јатката оставајќи на тврдата кора фантастично мало дупченце.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Го виделе како вади ченкушка од голема стомна и пие ракија не криејќи се од другите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Навистина на Мечкојадовата двоколка имало слама, кожи и веленца.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пелагија, седнувајќи на понудената столица без потпирач и не криејќи ја радоста што се имаат убаво наместено, потврдува некој не воден разговор Убаво ви е тука, широко, а и поблиску до центарот!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Сум, не криј, ако се плашиш.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Но, изгледа дека оттогаш пак се појавувал овде-онде, секогаш преправен во калуѓер.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Така завршува оваа приказна. Но, јас секогаш се прашував дали тоа предание не крие во себе некое подлабоко значење.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)