- Како што отец Иларион бдее над душите од своите болни што ги лечи, така и отец Серафим бдее над бочвите во визбата; а во време кога превира виното, тука и спие: да го гледа, да го пази да не истече: со деноноќија седи крај бочвите, им го наштутува нивното шумење, шепотење, вриење на зрната чија што душа преминува од блага - во горчлива.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
6. Парициониот рок е оној одреден временски период кој му стои на располагање на должникот кој го изгубил спорот доброволно да ја исполни досудената престација и сѐ додека не истече овој рок пресудата не може присилно да биде извршена преку извршител.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)