не (чест.) - испушта (гл.)

Мусли бег не беше подготвен така брзо да го прифати предизвикот на Дамчета, но и не сакаше неговите да помислат дека се уплашил, па, не испуштајќи ја пушката од раце, рипна од коњот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тополите не испуштаа ни глас ни тупот, туку стоеја сѐ така исправено, иако во дното на стеблото беа пресечени, како со невидлива пила, со нечујна секира.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И веднаш, не испуштајќи го чадот од душникот (сеедно со секој збор модринкавата танка магла бликаше од неговата уста со усни без грч и видливи промени за да се процени внатрешната состојба), продолжуваше бавно, со ѕвонлив, младешки глас; не е преисправен во столот а грбот муе ерамен во неговата предолга неподвижност на рамениците можеш да му ставиш полни чинии без страв дека течноста од нив ќе се истури.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Полека сосем ѝ се доближи, ја фати со десната рака под вратот, не испуштајќи го ременот, со другата рака ја потфати одзади и ја извлече од снегот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Аљоша, држи ме ти. Не испуштај ме.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И така цел пат: не испушта ниедно наше движење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се оддели од дирата и зачекоре на десетина чекори од неа, напоредно со неа, продолжувајќи да ја следи во истиот правец, но внимавајќи ниеднаш да не ѝ се приближи и не испуштајќи ја од погледот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Стоеше, сѐ уште свртена кон него, обидувајќи се за сето време на тоа земање мегдан на двајцата да украде некој миг и да се полиже по левиот заден колк, а притоа не испуштајќи го ниеднаш од погледот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го сеќаваше дека е тука повеќе од здивот, знаеше дека беше дојдено по тие рубинени сртови најмногу со својата кожа, врз која она беше некаков игрив допир, а за сето време продолжуваше да скита со погледот по сиот рубинен свет крај себе, не испуштајќи ниеден миг.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Марија, сфаќајќи дека токму тука ќе биде оневозможена докрај да ја доведе својата замисла, го оттурна изненадениот службеник и истрча на терминалот, не испуштајќи го детето од раце.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Пред тоа молчевме. Веројатно болката беше премногу присутна.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
За да каже дека: кога ги силуваа руските жени, тие паганите ги гледаа во очи и не испуштаа глас, а кога им ги стрелаа синовите ги гризеа усните, а главите им беа кренати високо... и пак се тресеше земјата кога тие газеа!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Над ситните бранови од седнати та принаведнати, се крева крупниот бран станати та исправени - импозантната екипа од главната маса се подготвува да си оди: режисерот го зафрлува фовистичкиот шал преку рамо, истегнувајќи си ја снагата во височина додека таа му оди во широчина; авторот си ги бара очилата по масата иако тие му висат на носот, не испуштајќи да е близу до режисерот како преведувач секогаш при рака; примадоната се огледува по сите маси, не толку за да им упати снисходливи насмевки колку тие да видат дека е уште ненадминлива; и најпосле примадонот (а како инаку да се нарече?), трипати женет и трипати разведен, но со црвен каранфил на реверот и готов на четврти пат кога веќе не била трета среќа, далдисан во главната ролја дотолку што си ја понесува недопиената чаша.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но болката ја поднесов не испуштајќи глас и ја зграпчив птицата за обете нозе. 90.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
А учителот, притоа, не испушташе да рече: - Гледате ли, драги мои, како секојдневно и неусетно ни се слива времето. . . како се проткајува и тече, тече и одминува со нас, а и ние со него. . .
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
На таблата исто така стоеше како нем. Сметаше во себе, но глас не испушташе.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)