не (чест.) - исклучува (гл.)

Не исклучувај го првото озлогласено дехидрирано лице еднина, но можеш ли да бидеш лична и во туѓо име, да имаш царска Ние-тага избегнувај го, во формална смисла на зборот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Според британските анализи, контролата на Протоците од земја блиска на СССР би "било рамно на физичко контролирање" од негова страна.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Откако се скараа Тито и Сталин, а Југославија беше исфрлена од Варшавскиот пакт, и нашата родна Албанија си се задолжи самата, но и за да му се додвори на големиот брат Сталин, кој не исклучуваше и напад врз Југославија, уште посилно да ги зацврсти границите, особено кон „југословенските ревизионистички одметници”.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Уште повеќе се плашеле од опасноста СССР да ги поддржи нивните "експанзионистички аспирации", не исклучувајќи ја можноста идната јужнословенска федерација да го добие Солунското пристаниште како отскочна штица за натамошната советска експанзија кон Турција, што можело како последица да го има елиминирањето на Турција како европска и балканска сила.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)