Железничар, сигурна плата, државно јасле, дебел детски додаток и не му ја мислам ниту на сушата, ниту на градот, не зјапам во небесата како тогаш.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во очите имаше некаков оџагарен вкочанет израз, како да не можеше да не зјапа во нешто на средна оддалеченост од себе.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
- Ајде, не зјапај. Ти дошла бабичката да те види, да те прегрне.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Питропот Андреа вадеше од огништето запалени гламни, излегуваше на чардакот од куќата и ги фрлаше во водата за да запре дождот; цврчеше жарта, пиштеше пареа; го превртуваше ничкум секој сад што го имаше во куќата за да не зјапи по вода; ја земаше иконата на Св.Илија и ја вадеше на чардакот молејќи го светецот да му нареди на дождот да запре.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)